Во 2018 Град Скопје посвети големо внимание на реконструкција на велосипетски патеки

Град Скопје информира дека во последните 14 месеци се изградени и реконструирани 14,6 километри велосипедски и пешачко-велосипедски патеки во вредност од 56,5 милиони дена. За следната година најавија изградба и реконстрикција на велосипедски патеки во должина од над 16 километри.

 

-За прв пат се изградени велосипедски патеки на градските улици во општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров, а изградени се и нови велопатеки во општините Карпош, Центар и Гази Баба – информираше денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

 

Според него, Скопје требало да биде велоград во 2017 година, но биле изградени само 60 отсто од планираната велосипедска мрежа.

 

-За една година успеавме да изградиме дополнителни 20 отсто со што се искачивме на 80 отсто од мрежата потребна за поврзување на градот, нагласи Салиху. Градот Скопје изработил и мапа за илустрација на изградените велопатеки во градот, како и за делниците што ќе се градат во наредниот период.

 

Сите патеки, потенцираат од Градот Скопје, се изведени во согласност со стандардите кои предвидуваат слеани рабници, заобиколување на автобуските станици, соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и заштита со столпчиња.

 

-Во 2019 година планираме да го споиме и Малиот ринг продолжувајќи да градиме и реконструираме велосипедски патеки во должина од над 16 километри. Според плановите на градот, за две години од сега Скопје ќе биде велоград со развиена велосипедска мрежа што ќе ги поврзува сите населби во градот

 

 

 

Архива 25 12 2018 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.