Продолжува акцијата за садење дрвја во Општина Аеродром

Продолжува акцијата за засадување 1.800 високостеблести дрвја што се спроведува на територијата на Општина Аеродром.

 

Деновиве над 120 различни видa дрвја се засадуваат на две локации на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ и над 60 по должината на улицата „Коста Новаковиќ“ во Стар Аеродром.

 

Исто така, дрвја се засадуваат и на две локации во Реонски центар - Аеродром, односно 35 садници на улицата „1612“, како и 100 парчиња на потегот на секундарната сообраќајница паралелна со булеварот „Видоe Смилевски-Бато“.

 

Во изминатите десетина дена, кога почна акцијата, се опфати и просторот околу ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, пред ООУ „Александар Македонски“, улицата „Бојмија“, како и кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“. За овој проект се издвоени 8 милиони денари од буџетот, а исто толку се предвидени и за наредната година.

 

Општина Аеродром останува посветена на грижата за животната средина и ги презема сите мерки во нејзина надлежност за решавање на прашањата поврзани со аерозагадувањето.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.