Општина Аеродром воведува механизам за случајот „Мајчин дом“ никогаш да не се повтори

Општина Аеродром информира дека следната недела ќе објави јавен повик за членови во партиципативното тело од областа на урбанизмот, чие формирање беше најавено на вонредната седница на Советот.

 

Со формирање на партиципативното тело, општината им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во урбанистичкото планирање.

 

Од општината наведуваат дека со овој механизам гарантираат дека случајот „Мајчин дом“ никогаш повеќе нема да се повтори. Граѓаните и правните лица отсега ќе имаат можност активно да учествуваат во процесот на планирање и изготвување плански решенија за општината и ќе имаат можност да спречат обиди за узурпација на животната средина и носење штетни ДУП-ови од која било власт.

 

Посочуваат дека партиципативното тело ќе биде формирано од девет членови, односно еден од редот на членовите на Советот, двајца по предлог на облиците на месна самоуправа, двајца по предлог на здруженија на граѓани, двајца од здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот и двајца од областа на општинска администрација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.