„Одлогирај се и ајде надвор!“ акција на извидниците од Аеродром
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 13 Септември 2018
„Одлогирај се и ајде надвор!“ е мотото под кое денеска извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ од Општина Аеродром ги презентираше своите активности пред учениците од ООУ „Блаже Конески“.
Целта на овој настан, како што кажува и самото мото, е да ги натера децата да поминат што подолго време во природа наместо пред компјутер.
Меѓу учениците се појавија голем број млади авантуристи, кои изразија интерес да се запознаат со извидничките предизвици и да научат како да се снајдат во природа, соопшти Општина Аеродром.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс