Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење

Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.

-Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.