Општина Аеродром и Муцунски казнети со 88.000 евра поради исфрлање отпад на јавна површина

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, известува Град Скопје.

„Имено, општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на булеварот АСНОМ со што направиле нова дива депонија“, велат од Град Скопје.

Рокот за подмирување на казната е осум дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати.

Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, додаваат од Градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.