Здравје/Фитнес

Какао- топол и здрав напиток, идеален за зимските денови

Одличен начин да се загреете во зимските, студени денови е да конзумирате топли напитоци.

 

Уште подобро е ако изборот на пијалок, покрај тоа што ќе ве стопли, исто така и ќе придонесе за внес на хранливи состојки во вашиот организам. Наш предлог за топол зимски напиток е какаото затоа што:

 

1. Какаото помага во регулацијата на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта.

 

2. Овој “кралски” прав како што многумина го нарекуваат, го урамнотежува и крвниот притисок, но и го заштитува организмот од болести на кардиоваскуларниот систем.

 

3. Поттикнува подобра концентрација и помнење, па особено се препорачува во периоди на подготовки за испити или за време на напорни деловни преговори.

 

4. Ги намалува негативните последици од секојдневниот стрес.

 

5. Какаото го поттикнува лачењето на хормонот на среќа – серотонинот, па и забележително го подобрува расположението.

 

На здравје!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.