Здравје/Фитнес

Како изгледа ,,Ледена купка,, и како таа брзо го опоравува нашето тело (фото)

Потопување на телото во таканаречената "ледена бања" по тренингот повеќе не е резервирано само за атлетичарите!

 

Истражувањата покажаа дека овој метод може да го забрза вашето закрепнување и да се подготви за следниот предизвик.

 

Десет ледени минути е волшебен број за сите кои сакаат да закрепнат од физичките напори при вежбање - без разлика дали трчате, возите велосипед или дигате тегови.

 

За време на шестнеделната студија, "ледените бањи" имаа убедлива победа во однос на вообичаеното туширање по тренинг.

 

Научниците на американскиот совет за вежби излегоа со нови откритија, откако ги споредуваа резултатите што ги добија.

 

Имено, човечкото тело подложено на ниски температури поефикасно и побрзо ги санира последниците од честите тренинзи како, болка во мускулите, зглобовите, замор и воспаление.

 

Исто така, беше откриено дека 10 минути престој во ладна вода е доволно (резултатите на оние кои "се ладеле" и до 20 минути не покажаа драстични разлики).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.