Здравје/Фитнес

Ви го презентираме рецептот за долг и среќен живот - И 100-ка не ви бега!

Одамна е познато дека јапонците и кинезите се најдолговечните луѓе на светот.

 

Тие кои потекнуваат од Окинава, Јапонија, имаат најдолг животен век. Живеат и повеќе од 100 години…

 

Но која е нивната тајна за долг живот?

 

 - Без разлика дали верувате во нешто духовно или политичко, научниците велат дека токму тоа ни помага да се справиме со стресот. А стресот е превенција за многу болести!

 

 - Луѓето кои имаат сексуално односи помалку од еднаш месечно имаат дупло поголеми шанси да умрат порано за разлика од оние кои ги практикуваат два пати неделно

 

 - Кај женетите мажи постојат помали шанси за појава на срцеви заболувања, за разлика од оние кои не се во брак

 

 - Една чашка вино дневно за подолг живот

 

 

 - Честото опивање го скратува животот, но чашата вино го продолжува. Американските кардиолози сметаат дека една чаша црно вино кај жените и две чаши кај мажите го намалуваат ризикот од болести на срцето

 

 - Блиските пријателства и квалитетните семејни односи го продолжуваат животот. Пријателите се нашата емоционална поддршка и ни помагаат да се справуваме со стресот, а тоа се одразува и на нашето стареење

 

 - Престанете да јадете кога ќе почувствувате дека сте речиси сити

 

 - Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век. Престануваат со јадење кога се 80% сити

 

 - Научниците од Харвард и Јејл откриле дека членовите на хорови живеат подолго, затоа што пеењето го намалува стресот – главниот причинител на многу болести





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.