Пентагон за неколку дена ќе открие дали има вонземјани

Дали американската влада знае за постоењето вонземјани? На ова прашање ќе биде одговорено многу скоро со објавувањето детални документи од Пентагон. 

 

Конгресот на Соединетите држави побара од војската да извести за средби со неидентификувани летечки објекти.

 

 

Извештајот треба да се појави на крајот на месецот. Ова создава големи очекувања кај приврзаниците на теориите за вонземјани и летечки чинии, бидејќи остануваат само неколку дена. Сепак, информациите не се ограничени на таканаречените уфолози.

 

Конгресното барање и извештајот на Пентагон даваат неочекуван легитимитет на оваа тема, која до неодамна беше претежно повод за шеги и смешни приказни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.