Астероидот поголем од зградата „Емпаир стејт“ ќе ја премине Земјата

Астероид поголем од зградата „Емпаир стејт“ ќе патува со брзина од скоро 178,000 км на час низ Земјата, пренесуваат медиумите.

 

За прв пат, вселенско тело со дијаметар од 570 м е забележано во 2006 година, од каде потекнува и неговото име. Вселенската карпа ќе се приближи до 0,049 астрономски единици - 10 пати поблизу до Земјата од растојанието до Венера.

 

Секој вселенски објект кој се приближува помалку од 0,05 астрономски единици и е со поголем дијаметар од 140 метри, за НАСА е „потенцијално опасен“.

 

Повеќето од малите вселенски објекти кои влегуваат во Земјината атмосфера се со помал дијаметар од 10 m и досега изгореле. За споредба, астероидот 2006 QQ23 е многу пати поголем од нив.

 

Во моментов, научниците знаат за околу 20,000 вакви објекти во близина на Земјата. Најмалку шест од големината на QQ23 од 2006 година ја преминуваат планетата на годишно ниво, но не претставуваат ризик.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.