„Гугл“ и „Хуавеј“ прекинуваат со соработка

„Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Хуавеј“, по мерките на САД против Кина.

 

Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во „Гугл“ и кој „Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена верзија на Андроид, достапна како слободен софтвер.

 

Уредите на „Хуавеј“ веднаш ќе останат без надградби и нови верзии на содржините на „Гугл“. Новиот смартфон на „Хуавеј“ нема да има пристап до Гугл плеј стор, Јутјуб, Џимејл, Гугл драјв и Хром.

 

– Ги разгледувамме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Гугл плеј и Гугл плеј протект, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Хуавеј“, изјави претставник на кинеската компанија, без да открие натамошни подробности.

 

Овој прекин на соработката може значајно да ѝ наштети на работата на „Хуавеј“, кој ќе загуби пристап до ажурирањата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.