Русија планира да собира минерали од Месечината

Русија планира да направи повеќестепено летало за товарен транспорт, тежок лунар за екстракција на минерали и модули од месечината во периодот 2031-2035.


Претходно генералниот директор на "Роскосмос", Дмитриј Рогозин изјави дека во текот на 2021 година се планира да биде испратена вселенска станица "Луна-25" на Месечината, во 2023 година - вселенски апарат "Луна-26" и во 2024 година - станица "Луна-27".


Вселенската станица "Луна-25" ќе бара воден мраз на јужниот пол на Месечината и така ќе се тестира технологијата на меко слетување на природниот сателит на Земјата. Ова ќе биде првата руска мисија по 40-годишна пауза. Последната советска станица беше истрелана кон сателити на Земјата во 1976 година и се нарекуваше "Луна-24".

Орбиталниот апарат "Луна-26" треба да одржи мапирање и далечинско истражување на површината на сателитот на Земјата. Станицата "Луна-27" треба да земе мостри од почвата на јужниот пол на Месечината и да ги истражуваат.

Во 2027 година се планира кон Месечината да се истрела станицата "Луна-28", со која ќе се донесат на Земјата примероци од нискотемпературни почви од јужниот пол на природниот сателит, а во 2028 година да се испрати станицата "Луна-29 "со вселенско возило.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.