Квантен „компас“ ветува навигација без користење на ГПС (GPS)

 

Гпс (GPS) е од витално значење за модерните навигациони системи, но е екстремно фрагилен. Ако врската со сателитот се прекине од било која причина навигацијата станува бескорисна. Во такви случаи од огромна корист ќе биде квантниот компас.

 

Научниците демонстрираа „комерцијално исплатлив“ квантен акцелометар кој може да обезбеди навигација без ГПС или друга сателитска технолигија. Уредот користи ласери за да олади атоми до екстремно ниски температури и потоа ги меги пропорциите на квантните бранови на тие атоми додека реагираат на забрзувањето.

 

Резултатот е екстремно сензитивна направа која исто така е значително по сигурна од конвенционалните мерачи на забрзувања. Додека постоечките хардвери можат приближно да ги определат локациите преку мерење на брзината на движење, но се премногу несигурни и неточни доколку немаат поддршка од вселената.

 

Како што можете да забележите од гледањето на фотографијата горе, овој квантен „компас“ не е баш спремен да го замени акцелометарот во вашиот телефон. Со оваа големина тој е спремен за инсталација на бродови, возови и други големи возила каде што просторот кој се зафаќа и енергирата која е потребна да се потроши не се претставуваат поголем проблем. Овој уред е способен да го одржува сообраќајот дори и ако ГПС престане да функционира. Научницие исто така очекуваат овој концепт да помогне и во други истражувачки студии, како што се гравитациските бранови.

 

 

 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.