„Ловецот на планети“ Кеплер, остана без гориво

 

Вселенскиот телескоп на НАСА Кеплер, кој уште го нарекуваат и „ловец на планети“, остана без гориво и конечно е пензиониран после девет и половина години. Тој помогна да се откријат повеќе од 2600 планети, од кои некои би можеле да содржат живот.

Вселенскиот безекипажен телескоп, кој беше лансиран во 2009, откри дека во космозот постојат милијарди скриени планети и со тоа го револуционеризираше човечкото разбирањето за универзумот.

Кеплер помогна на астрономите да ги мерат потенцијалните планети преку отскокнувањата во интензитетот на светлината на матичните ѕвезди прек кои планетите минуваат. Кеплер покажа дека 20 до 50 проценти од ѕвездите видливи на ноќното небо најверојатно имаат мали, возможно карпести, планети слични по големина со Земјата и лоцирани во зоните на нивните ѕвезди кои овозможуваат погодни услови за живот. Тоа значи дек се лоцирани на растојанија од нивните ѕвезди „родители“ каде течна вода - витална состојка за животот кој го познаваме - може да опстојува на површината на планетата.

 

„Престанокот на оперативноста на Кеплер била очекувана и со тоа завршуваат сите операции поврзани со сателитот“, изјави Пол Херц, директорот на астрофизичарската дивизија во НАСА.

Сигналите дека горивото е пред целосно исцрпување започнале уште пред две седмици. Научниците успеале да ги симнат сите податоци од Кеплер за Земјата пред целосно да се исклучи. Од НАСА рекоа дека решиле да го „пензионираат“ вселенскиот уред во сегашната безбедна орбита, далеку од Земјата. Бил Боруки, пензиониран истражувач на НАСА за Кеплер, ја опиша оваа мисија како „енормен успех“. „Покажавме дека постојат повеќе планети од ѕвезди во нашата галаксија“. 

 

 

Од НАСА исто така изјавија дека мисијата на Кеплер можеби е завршена но неговите откритија ќе бидат студирани во годините кои доаѓаат.

„Ловецот на планети“ од следната генерација, вселенскиот телескоп на НАСА ТЕСС, кој беше лансиран во Април ќе покрие многу поголем космички терен од Кеплер. И двата телескопа го користат истиот систем за детектирање на планетарни транзити, односно сенки кои ги предизвикуваат додека минуваат пред нивните ѕвезди. Новиот вселенски инструмент ќе се фокусира на блиските егзопланети, тие во растојание од 30 до 300 светлосни години оддалеченост. 

 

Кеплер потврди една огромна колекција од 2681 планеди надвор од сончевиот систем. Сепак повеќето од овие егзопланети беа премногу далечни или затемнети за да бидат понатамошно истражени.

Многу понапредниот вселенски телескоп Џејмс Веб, закажан за да истрелување во орбита во 2021, би требало да биде во можност да разоткрие повеќе за планетарните маси, густина и површински слој на атмосферите на планетите - сето кое претставува важна информација за нивната потенцијална населливост. 

„Поради Кеплер, тоа што го мислевме за нашето место во универзитетот се промени“, рече Херц. „Мисијата на Кеплер го поплочи патот за идни мисии за егзопланетарни проучувања“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.