Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавата на Милановиќ

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека поради изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, во Министерството е поканета хрватската амбасадорка во Украина, Аница Ѓамиќ.

Милановиќ вчера, меѓу другото, изјави дека на Украина не ѝ е местото во НАТО и ги повика САД за поттикнување „државен удар“ во 2014 година.

 

 

Тој изјави дека Хрватска нема да биде пожарникар во врска со последните настани во Украина и дека секој последен хрватски војник ќе биде повлечен од Украина доколку дојде до ескалација.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера ѝ се извини на Украина за изјавата на претседателот дека е една од најкорумпираните земји и ги отфрли изјавите на Милановиќ дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина, бидејќи таму ги нема.

Милановиќ претходно изјави дека Украина сè уште е една од најкорумпираните земји во светот, таа економски стагнира и не добила ништо од ЕУ“. Тој исто така рече дека Хрватска нема никаква врска со конфликтот во Украина и дека доколку тој ескалира, ќе се повлече до последниот војник.

„ Колку што знам, нема хрватски војници во Украина“ – изјави премиерот на новинарите и додаде дека токму деновиве се вратил контингентот на хрватската војска што бил во Полска.

„ Изјавите на Милановиќ се нереални, навредлива е неговата изјава за Украина како корумпирана земја“, рече тој, пренесува „Танјуг“.

„ Со ова им се извинувам на Украинците, во име на хрватската Влада и се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска“, рече Пленковиќ.

На новинарско прашање дали хрватските војници, членки на НАТО, ќе учествуваат во операцијата доколку дојде до конфликт, премиерот одговори со контрапрашање: „Од каде се сите овие тези?“.

„Политиката на Хрватска е да ги деескалира тензиите, да спречи евентуален конфликт, да го поддржува територијалниот интегритет на Украина“, рече Пленковиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.