По 42 години затвор, ослободен невин човек

Кевин Стрикленд, Афроамериканец од американската сојузна држава Мисури, кој беше погрешно осуден за тројно убиство во 1978 година, беше ослободен по повеќе од 42 години затвор.

62-годишниот Стрикленд не престанува да ја негира вината откогако беше уапсен на 18-годишна возраст и осуден во јуни 1979 година.

 

 

Тоа е најдолгиот период што невин човек го поминал во затвор во историјата на Мисури, но според законот на таа држава, тешко дека Стрикленд ќе добие финансиска отштета, пренесува Би-би-си.

Според податоците на Националниот регистар на лица ослободени од вина, ова е седмото најдолго затворање погрешно осудено лице во САД.

Судот нареди итно ослободување на Стрикленд, кој беше осуден на доживотен затвор, без можност за условно ослободување за тројно убиство за време на грабеж на куќа во Канзас Сити на 25 април 1978 година.

Судијата Џејмс Велш наведува дека никаков материјален доказ не го поврзува со кривичното дело и дека е осуден исклучиво врз основа на изјава, пренесуваат агенциите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.