Се отстранува статуата на Томас Џеферсон во Њујорк

Статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на САД и автор на Декларацијата за независност, ќе биде отстранета од Градското собрание во Њујорк, бидејќи Џеферсон бил робовладетел.

Неговата статуа ќе биде преместена на јавна локација, која ќе биде утврдена пред крајот на годината, пренесува NBC News.

Џеферсон поседувал околу 130 робови кога починал во 1826 година, и барањата да се отстрани неговата статуа од градското собрание во Њујорк се интензивира по насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд минатата година за време на апсењето во Минеаполис.

Статуата на Џеферсон се наоѓа во градското собрание во Њујорк од 1915 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.