ЕУ: Немаме друга опција освен дијалог со талибанците

ЕУ нема друга опција освен да разговара со талибанците во Авганистан, изјави денеска високиот европски претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Обраќајќи им се на членовите на Европскиот парламент во Стразбур, Борел посочи дека Брисел ќе се обиде да се координира со другите членки на ЕУ со цел да организира дипломатско присуство во Кабул.

„ Кризата во Авганистан не е завршена. За да имаме шанса да влијаеме на било што, немаме друга опција освен да се вклучиме во разговорите со талибанците", нагласи Борел.

Тој изјави дека ЕУ ќе укаже на важноста од почитување на човековите права, пренесуваат медиумите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.