Србија ја намалува цената на ПЦР-тестот за странци

На денешната седница на кризниот штаб беше усвоена иницијативата на Здружението за туризам на Српската стопанска комора за намалување на цената за ПЦР-тестот на странски туристи, соопшти денеска Српската стопанска комора (ПКС).

„Ова ќе придонесе за зголемување на бројот на пристигнувања на странски туристи за време на претстојните велигденски празници и најавени групи гости од арапските земји во текот на пролетта“, рече секретарот на Здружението за туризам на ПКС, Тијана Маjковиќ.

Цената на ПЦР за странски државјани во Србија е 18.000 динари (околу 9.280 денари).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.