Неколку илјади вработени во унгарските болници дадоа откази

Неколку илјади вработени во унгарските болници дадоа откази, осудувајќи ги новите државни договори за вработување. Администрацијата се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука, тврдејќи дека Унгарија се соочува со третиот бран на епидемијата на коронавирусот.

Според изјавата на Државната здравствена служба (ОФКО), 95 проценти од 110.000 вработени потпишале нови договори пред крајниот рок, 1 март, а останатите 5.500 не го направиле тоа и биле принудени да ја напуштат работата.

ОФКО, сепак, сакаше да ја смири загриженоста, велејќи им на новинарите дека здравствената заштита, иако под притисок поради пандемијата, сепак, функционира, дури и подобро од порано.

Парламентот го усвои новиот закон во октомври 2020 година. Планирано е зголемување на платата, што премиерот Виктор Орбан го оцени како „невидено“, а воведени се и санкции за мито што пациентите им го даваат на лекарите, што е вообичаена практика во Унгарија.

Но, некои други одредби ги налутија вработените кои сметаат дека повеќе нема да добиваат бонуси или веќе нема да им биде дозволено да вршат друга работа во приватни клиники.

Унгарскиот здравствен систем страда од хронично недоволно финансирање, а според Светската здравствена организација (СЗО), буџетот на тој сектор по глава на жител е само половина од европскиот просек.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.