Велика Британија ја одобри вацината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“.

Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината, за која се проценува дека е ефикасна до 95 проценти, е безбедна за употреба, пренесува Би-Би-Си.

Вакцинацијата може да започне за неколку дена за луѓе од групи со висок приоритет.

Велика Британија веќе нарача 40 милиони дози, доволно за вакцинирање на 20 милиони луѓе, со по две инјекции.

Првите дози ќе пристигнат во Велика Британија во наредните денови.

Вакцината против коронавирус е употребена најбрзо досега. Потребни беа само 10 месеци за процесот, што за други вакцини обично трае скоро една деценија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.