Во земјотресот во Измир досега загинаа 4, а повредени се 152 лица

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) извести дека во земјотресот во Измир досега загинале 4, а повредени се 120 лица, пренесува „Анадолија“.

„Според добиените информации, досега загинаа 4, а повредени се 152 лица“, се вели во извештајот.

Претходно, градоначалникот на општина Измир, Тунч Сојер, исткана дека добиле пријава оти во земјотресот со јачина од 6,6 степени, кој се случи на отворени води во Егејското Море кај местото Сеферхисар во Измир, се урнале 20-ина згради, но посочи дека моментно немаат соодветни точни информации и дека добиле само некои пријави.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, упати порака со поддршка до жителите на Измир и турскиот брег на Егејското Море погодени со земјотресот.

„Државата со сите свои ресурси е со нашите граѓани кои се погодени од земјотресот. Сите надлежни институции, министри и служби се ангажирани на теренот“, порача Ердоган.

Земјотресот со јачина од 6,6 степени го погоди и грчкиот остров Самос во Егејското Море, соопшти Националната опсерваторија на Атина. Жителите на Самос, на кој живеат околу 45.000 луѓе, беа повикани да се држат настрана од крајбрежните области, изјави Ефтихмиос Лекас, шеф на грчката Организација за антисеизмичко планирање, за грчката телевизија „Скај“.

„Тоа беше многу силен земјотрес“, рече Лекас.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.