Почина поранешниот турски премиер Месут Јилмаз

Поранешниот премиер на Турција, Месут Јилмаз, почина на 72 години во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Јилмаз минатата година заболе од рак на белите дробови, а во мај оваа година оперира тумор на мозокот.

Тој беше на чело на партијата Матица од 1991 до 2002 година и за време на 90-тите години трипати беше избиран за премиер - два мандата му траеја само по неколку месеци поради падот на неговата коалициска влада.

Неговата трета влада траеше 18 месеци по таканаречениот воен меморандум од 1997 година, со кој е ставен крај на коалициската влада на тогашниот премиер Неџметин Ербакан во напнатото политичко време во Турција.

Ербакан се залагаше за исламски вредности и беше ментор на сегашниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, а соборувањето на Ербакан беше наречено постмодерен удар од војската.

Пред да стане премиер, Јилмаз беше министер за надворешни работи и министер за култура во владата на Тургут Озал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.