Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција, бидејќи е вклучена во војната против исламистичката идеологија.

„Ние сме во војна против непријателот, кој е и внатре и надвор. Мора да разбереме дека има и ќе има и други настани како овие страшни напади", изјави тој за радиото РТЛ, пренесува „Ројтерс“.

Во четвртокот, туниски државјанин извикувајќи „Алах акбар“ уби три лица во црквата Нотр Дам во Ница. Тој и ја отсекол главата на една од жртвите, и повредил неколку лица, пред полицијата да го застрела и да го префрли во болница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.