Митрополијата потврди, Амфилохије починал во болница
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Октомври 2020
Почина митрополитот црногорскo-приморски Амфилохије, потврди митрополиjата на својата интернет-страница.
„Во петок, на 30 октомври 2020 година во 8 часот и 20 минути наутро, во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на Светата тајна причест, се упокои Архиепископот Цетињски, митрополит црногорско-приморски и Егзарх на светиот престол на Пеќ, г. Амфилохије“, објавено е на интернет-страницата.
„Јавноста наскоро ќе биде информирана за сите други детали во врска со погребот на митрополитот. Вечнаја памјат и Царството Небесно!“, се вели во соопштението.
Mитрополитот Амфилохије (82), од 6 октомври беше на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот.
Вчера медиумите јавија дека неговата здравствена состојба се влошила односно дека дишел тешко и чувствувал болка во градите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс