Научниците откриja дека ниските температури влијаат на ширењето на коронавирусот

Ниските температури што ќе дојдат кај нас по летото ќе доведат до зголемување на ширењето на коронавирусот, потврдија научниците.

Истражувачи од Индија ја испитувале врската помеѓу просечната температура во земјата и бројот на случаи на инфекција со коронавирус.

Откриле значителна поврзаност меѓу земјите кои имаат пониски температури и поголем број заразени лица.

Наодите може да укажуваат на проблеми што народите од северната хемисфера ќе ги имаат при преминот кон зимскиот период, подоцна оваа година.

Според тоа, велат истражувачите, летното време може да биде најдобар период за борба против вирусот.

Истражувачите од Централниот универзитет Раџастан ги споредувале просечните температури во земјата со бројот на активни случаи, а податоците ги собирале од крајот на март до средината на април.

Тие заклучиле дека земјите со поголема географска широчина и постудени климатски услови имаат поголема веројатност да имаат повеќе случаи на коронавирус.

За разлика од тоа, помалку случаи имало во земји со потопла клима и помала географска широчина.

„Сите овие набљудувања укажуваат на тоа дека ниската температура може да биде фактор на ризик за случаи на коронавирус“, пишуваат истражувачите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.