Адвокатот на Епстејн: Тој не се самоуби

Адвокатот на контроверзниот богаташ, Џефри Епстејн, кој беше обвинет за педофилија, тврди дека неговиот клиент не се самоубил.

Дејвид Шоен го тври тоа, бидејќи, како што рекол, подготвувал повеќестручна правна и медиумска стратегија во борбата против обвиненијата за злоставување и трговија на девојчиња.

Шоен, кој од Епстејн барал да го води неговиот правен тим во последните денови, рекол дека девет дена пред смртта со Епстејн имал петчасовен разговор за време на кој се договориле за стратегијата.

Шоен рекол дека Епстејн бил „вознемирен и возбуден“ и дека се радувал на тоа што ќе ја тргне „дамката од своето име“. Како што навел, Епстејн бил во опасна ситуација во затворот, бидејќи другите затвореници можеле да го уценуваат поради неговото богатство.

Шоен зборувал во новиот документарец за смртта на Епстејн под името „Кој го уби Џефри Епстејн?“, кој денеска е премиерно претставен, пренесе Спутник.

Во серијата се поставува прашањето дали Епстејн си го одзел сам животот чекајќи го судењето за обвинението за педофилија, како што официјално тврди обдукцијата.

Неговата смрт поттикна низа теории на заговор, бидејќи стражарите наводно не го посетувале цела ноќ, а камерите во близина на неговата ќелија не работеле.

Тајниот судски документ за контроверзниот богаташ се објавени само еден ден пред неговата смрт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.