Русија и Кина бараат од ОН укинување на санкциите поради коронавирусот

Русија, Кина и шест други земји ги повикаа Обединетите нации да ги укинат трговски санкции, кои би можеле да ја попречат борбата против коронавирусот, објавија руските државни медиуми.

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска треба да разговара со колегите од Г20 најразвиени економии во светот, на итна видеоконференција, за тоа како да се справат со пандемијата.

Во заедничко писмо на Русија, Кина, Иран, Сирија, Куба, Никарагва, Северна Кореја и Венецуела, ги повикуваат ОН да ги „отфрлат едностраните присилни мерки“, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

„Не можеме да дозволиме политичките пресметки да застанат на патот на спасување на човечките животи“, се наведува во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Пандемијата на коронавирусот ја наруши трговијата во целиот свет, особено оптоварувајќи ги економските стоковни економии како што е Русија, каде рубљата изгуби над една десетина од вредноста во однос на американскиот долар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.