ВАТИКАН: Папата е „малку болен“

Папата Франциско во четвртокот ја откажа закажаната литургија во Рим поради „лесна болест“, соопшти Ватикан.

 

„Поради мала непријатност, тој избра да остане во Света Марта“, куќата за гости во Ватикан, каде живее 83-годишниот Отец, се вели во соопштението на првиот човек на прес-центарот Матео Бруни.


Литургијата за која станува збор требаше да се одржи во базиликата Свети Јован Лотеран, една од најголемите цркви во Рим.

 

Бруни рече дека распоредот на папата, освен во овој случај, останува непроменет. Соопштението се појави кога Италија се бори да го контролира најголемото појавување на коронавирус во Европа.

 

Ватикан во својата порака не прецизираше за каква болест станува збор. Папата Фрањо не се откажа во ниту една од неговите активности, што често вклучува мешање со толпата и ракување.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.