Уапсени 24 лица во Иран за ширење на гласини и лажни вести за коронавирусот на Интернет

Властите во Иран уапсија 24 лица обвинети дека кружат гласини на Интернет за ширење на коронавирусот во земјата, пренесуваат медиумите.

 

Земјата се бори да добие контрола врз појавата која енормно расте, во која веќе се загубени 19 животи минатата недела. Исто така, има и 139 заразени. „Дваесет и четири лица беа уапсени и предадени на судството, а 118 корисници на Интернет беа сослушани и ослободени„ откако добија предупредувања“, рече Вахид Маџид, шеф на сајбер-просторот на иранската полиција.

 

„Апсењата беа направени по создавањето специјална единица за борба против гласините за ширење на коронавирусот во земјата. Полицијата ги следи сите новости објавувани на интернет-просторот во земјата“, рече тој.

 

Маџид рече дека единицата ќе преземе активности за вести, фотографии или видеа што содржат гласини или лажни вести кои имаат за цел да ја вознемират јавноста и да ја зголемат загриженоста на јавноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.