Тројца веќе се жртви на коронавирусот во Италија

Починаа тројца од повеќе од над 100-ина заразени со коронавирусот во Италија. Рим наметнува невидени мерки. За да се контролира најголемото огниште во Европа, беше воведена целосна блокада на голем број градови во северниот дел на земјата во областа на Милано.

 

Премиерот Џузепе Конте најави план за итни случаи за справување со болеста.

 

Во  областите е забранет влез и излез од карантините. Сите училишта се затворени, откажани се спортски настани. Премиерот Џузепе Конте објави план за итни случаи. „Во моментов не постои предуслов да се побара замрзнување на Шенгенскиот договор и да се запре слободното движење на луѓето“, коментира премиерот Конте.

 

Сепак, беше објавено дека полицијата и вооружените сили ќе ги користат сите свои овластувања кога тоа ќе биде потребно.

 

На околу 50 000 луѓе во неколку градови им е наредено да не ги напуштат своите домови. Жителите се редат пред локалните супермаркети за да ги набават најважните производи. Продавниците, сепак, останаа затворени, при што полицијата објасни дека ќе започнат со прифаќање на клиенти само откако ќе бидат преземени мерки за безбедност на персоналот. „Блокадата е добар начин да се запре ширењето на вирусот. Всушност, сè е веќе затворено. Сите болници и јавни места се затворени“, рече Пјеро, жител на Касалпустерлиенго.

 

Поради инфекција со коронавирус, карневалот во Венеција беше прекинат. Познатиот дизајнер Џорџо Армани најави дека неговата нова колекција ќе биде претставена во Милано, но без публика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.