Четворица загинаа во авионска несреќа во Франција

Четири лица загинаа во несреќа на мал туристички авион во јужна Франција, пренесува BBC.

 

Авионот се урна на неколку километри северно од пистата на аеродромот Мило-Ларзац, во близина на градот Кресел.

 

Од засега непознати причини, пилотот изгубил контрола и авионот се запалил при обидот да слета. Во инцидентот загинале пилотот и тројцата патници. Почна истрага за утврдување на причините за несреќата.

 

Француското биро за истраги на воздушни несреќи ги испрати своите експерти на местото на настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.