Путин увери дека е против неограничен претседателски мандат

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е против идејата за одржување неограничена власт на лидерот на земјата, како што тоа се случуваше во системот на Советскиот Сојуз, јавуваат светските агенции.

 

Тој ова го кажа на состанокот со ветераните од Втората светска војна во Санкт Петербург, само неколку дена откако ги објави уставните измени кои би можеле да му помогнат да остане на власт откако ќе заврши неговиот претседателски мандат во 2024 година.

 

На прашањето на ветеранот на денешната средба дека мандатот на рускиот претседател е неограничен, Путин одговори дека „би било многу вознемирувачко да се вратиме на ситуацијата од средината на 1980-тите, кога државните лидери, еден по друг, останаа на власт сè до крајот на животот“.

 

Путин стана претседател за прв пат во 2000 година, а стана премиер во 2008 година, откако му беше одземено правото да се кандидира за трет мандат заради уставните одредби. Дмитриј Медведев, кој го имаше претседателството по него, беше оценет како многу послаба фигура. Откако Путин се врати во Кремаљ, Медведев стана премиер. Претходно оваа недела, неговата влада поднесе оставка откако Путин ги претстави своите предлози за уставни реформи. Премиерската палка ја презеде шефот на даночниот оддел, Михаил Мишустин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.