Вулкан во Нов Зеланд избувна ненадејно, при што загинаа туристи (ВИДЕО)

Туристи од Нов Зеланд исчезнаа и починаа откако избувна вулкан на популарен мал остров.

 

Потврдена е смртта на петмина туристи. Има неколку повредени, како и исчезнати луѓе. Премиерот на Нов Зеланд изјави дека имало околу 50 и 100 луѓе околу кратерот во моментот на ненадејната ерупција, повеќето од нив туристи. Службите за итни случаи објави дека околу 20 лица веројатно се повредени.

 

Вајт е најактивниот вулкан во Нов Зеланд, а околу 70% од него се под вод. Околу 10.000 луѓе го посетуваат вулканот секоја година. Тој еруптира често во последниот половина век, а последната ерупција била во  2016 година. Во август истата година, одбрамбените сили на Нов Зеланд подигнале контејнер од 2,4 тони на островот за да служи како бункер за итни случаи во случај на ерупција.

 

Иако е најактивниот вулкан во земјата, тој е популарна дестинација за туристи од целиот свет. Секојдневно има посети на островот. И ерупцијата е снимена од турист на еден од бродовите. Луѓето кои чекаат да бидат евакуирани, исто така, можат да се видат на снимките.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=IeP1ZQzUPak&feature=emb_logo





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.