Фараж: Брегзит ќе биде одложен
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Септември 2019
Излегувањето на Велика Британија од Европската унија повторно ќе биде одложено бидејќи обидот на премиерот Борис Џонсон да склучи нов договор со Брисел, ќе биде одбиен од Парламентот, изјави лидерот на Партијата за Брегзит Најџел Фараж.
Тој оцени дека излегувањето на Велика Британија од Унијата на 31 октомври е доведено во прашање бидејќи политичката елита во Лондон планира да го „предаде“ референдумот од 2016 година, кога Британците гласаа 52-48 отсто за напуштање на ЕУ.
Тој оцени дека земјата се наоѓа во најголемиот судир од граѓанската војна во 17 век, а Џонсон ризикува да ја уништи својата Конзервативна партија со обидите повторно да ги подрее надежите за нов договор, по неуспешниот обид на неговата претходничка Тереза Меј.
– Значи, нема да заминеме на 31 октомври и тогаш навистина ќе запловиме во неистражени води – дали Парламентот ќе наметне втор референдум или општи избори, навистина не знам, изјави Фараж.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс