Јужна Кореја предупредува на недостиг на храна во Северна Кореја

Јужна Кореја верува дека недостигот на храна во Северна Кореја се уште е сериозен и оти на земјата и е потребна странска помош, и покрај медиумските извештаи дека цените на оризот паднале, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи.

 

Некои медиуми тврдат дека цените на оризот на севернокорејскиот пазар во последно време паднале, сугерирајќи и дека земјата можеби и не се соочува со толку сериозен недостиг на храна како што сметаат агенциите на ОН.

– Запознаени сме со проценката на Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) како официјални и објективни показатели, изјави портпаролот на Министерството Ли Санг-мин.

 

Според него, „со оглед на природата на севернокорејскиот режим, се смета дека постојат многу ограничувања за реалната проценка на ситуацијата со храната".

– Нашиот став дека е неопходно да се обезбеди храна за Северна Кореја останува непроменет, рече Ли.

 

Претходно месецов, Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство соопштија дека храна итно е потребна за 10 милиони луѓе, или околу 40 проценти од населението. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.