Анкета: Конзервативците на Меј на петто место, најмногу поддршка за новата партија на евроскептикот Фараж

Британската Конзервативна партија на премиерката Тереза Меј е на петто место според анкета пред изборите за Европарламентот на 23 мај.

 

Во анкетата на ЈуГов по барање на весникот Тајмс, води новата партија „Брегзит" на евроскептикот Најџел Фараж со 34 отсто додека конзервативците имаат поддршка од само 10 отсто.

 

На изборите опозициската Лабуристичка партија може да смета на поддршка од 16 отсто гласачи, а либералдемократите и зелените се очекува да  добијат 15 односно 11 отсто поддршка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.