Хотелиерите двојно ќе заработат од откажување на учеството на Светскиот економски форум

Поради одлуката на дел од светски лидери да не учествуваат на Светскиот економски форум во Давос хотелите ќе имаат двојна заработка поради откажување на собите.

 

Учеството на Форумот го откажаа британската премиерка Тереза Меј, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин и членовите на нивните делагации поради актуелните кризи во нивните држави.

 

Според швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер" поради откажувањето на учеството на Светскиот економски форум стотина хотелски соби ќе останат празни. Весникот наведува дека трошоците за откажување на собите во оваа фаза ќе достигнат 100 отсто од цената на собите, што ќе им донесе двојна заработка на хотелиерите.

 

„Тагес-Анцајгер" наведува дека американската делегација резервирала соби во вредност од 231.855 долари во хотелот со три ѕвезди „Мадриса Лоџ", потоа за соби во хотелот со пет ѕвезди „Квеленхоф" резервирале соби за 103.935 долари.

 

Светскиот економски форум почнува на 22 јануари, а бројот на учесници е ограничен на 2.500.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.