По нападот во СТРАЗБУР: Страв во Франција, по напаѓачот се трага

Во цела Франција се одржува големата полициска операција за потрагата на наводниот сторител, 29 годишен маж, кој е под истрага за радикален ислам.

 

Две лица загинаа, а 14 беа повредени за време на пукањето на божиќниот пазар во Стразбур минатата ноќ. Луѓето во Стразбур се многу загрижени. Во моментов, има две жртви, но многу од ранетите се во критична состојба. На местата каде имаше престрелка жителите и гостите на градот положуваат цвеќиња и свеќи во спомен на загинатите.

Цел на нападот стана најпознатата Божиќна чаршија, во близина на еден од централните плоштади, "Клебер". Напаѓачот отворил оган на три места во срцето на градот.

Илјадници луѓе беа евакуирани од спортски сали, театри и продавници во Стразбур. Денеска градот е блокиран. Силно вооружени полицајци има насекаде, јавуваат агенциите.








Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.