ТАЖНО СВЕДОШТВО: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дијана

Поранешниот француски пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дијана пред нејзината смрт.

 

На 20-годишнината од големата несреќа, еден од првите кои дојдоа на помош, проговори за весникот "Сан", пишува магазинот "Ролингстоун".

"Дојдовме на помош како при секој друг сообраќаен инцидент", раскажува Ксавиер Гурмелон кој бил со првиот тим спасувачи, кои пристигнале во тунелот "Понт де л'Алма".

"Веднаш моравме да дејствуваме за да видиме кој има потреба од помош и кој е жив. И Дијана тогаш рече: "Боже мој, што се случи?", вели поранешниот пожарникар.

Според Гурмелон принцезата била свесна и со отворени очи кога ја извадил од автомобилот.

"Малку се помести и се виде дека е жива. Видов дека имаше површна рана на десното рамо, но не беше ништо сериозно. Немаше крв ", се сеќава Гурмелон.

Кога спасувачите ја извадија од автомобилот и ја ставија на носилки, таа доби срцев застој.

"И направив масажа на срцето и неколку секунди подоцна, таа повторно дишеше. Бев ослободен. Мислев дека ќе живее. Кога ја однесоа во болница, знаев дека е жива, и очекував дека ќе живее. Подоцна дознав дека умрела во болницата. Бев многу вознемирен", вели Гурмелон.

Веќе пензионираниот пожарникар вели дека првично не разбрал дека од колата ја вади принцезата Дијана. Еден од болничарите му рекол откако ја ставил во амбулантното возило.

"Бев шокиран. Знаев која е таа, но не го следев одблизу британското кралско семејство. Потоа ја препознав ", вели човекот.

Иако бил повреден, телохранителот Тревор Рис-Џонс исто така се обидел да дојде до принцезата од предното седиште на автомобилот, се сеќава Гурмелон.

Тој праша: "Каде е таа?" Мојот тим му кажа да се смири и да не зборува. Му реков дека никој од нас не зборува англиски, но подобро е да не се движи. Му реков да не се грижи, бидејќи ние ќе се погрижиме за сите ", вели поранешниот пожарникар.

Тој објасни дека не говорел јавно за оваа трагична ноќ 20 години, бидејќи до неодамна бил се уште на работа и не му било дозволено да зборува за случаите на кои учествувал како спасувач.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.