Пожарникари реагираат на изјавата на Трамп за пожарите во Калифорнија

Здружението „Калифорниски професионални пожарникари" денеска реагираше на пишувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, кој вели дека за „големите, смртоносни и со огромна штета пожари" виновно е лошото управување со шумите и притоа се закани дека ќе се стопираат средствата доколку тоа не се подобри.

 

– Објавата на претседателот, која содржи напад против Калифорнија и закана за прекин на помошта за жртвите од катастрофални пожари, го нарушува достоинството на настраданите, се наведува во реакцијата на Здружението.

 

Тие сметаат дека тврдењето на претседателот Трамп е погрешно.

– Шумските пожари се предизвикуваат и се шираш не само во шумите, туку и во населените места, но и на отворени места, поттикнати од сува вегетација, силни ветришта, ниска влажност и географска специфичност, соопшти здружението „Калифорниски професионални пожарникари".

 

Според нив, речиси 60 отсто од шумите во Калифорнија се во надлежност на федералните власти, а останатите се во приватна сопственост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.