(ФОТО) „Дали ова е политичка средба?“: Фотографиите од Макрон и Мелони во Рим се хит на интернет

Фотографиите од средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџија Мелони во Рим се проширија низ интернет. Нивната средба се смета за обид за смирување на тензиите по години на затегнати односи и неодамнешни несогласувања меѓу двајцата европските лидери.

Макрон и Мелони се ракуваа и се бакнуваа во образ за време на средбата. Потоа позираа за фотографите, насмевнувајќи сеe.

 

 

„Дали навистина беше политичка средба?“, се шегуваа луѓето на социјалните мрежи. Некои напишаа дека е очигледно дека „Макрон бил импресиониран од италијанската премиерка“.

Мелони претходно призна дека има несогласувања со Макрон, но негираше дека имала какви било „лични проблеми“ со него и изрази надеж за градење нови темели на соработка меѓу Рим и Париз. Токму Макрон ја предложи посетата, според француски извори, „бидејќи неговата улога е да ги зближи Европејците, а тој сака и да соработува со неа“.

 

 

 

Средбата се случи само неколку недели откако беа откриени затегнатите односи меѓу двајцата на самитот на европските лидери во Албанија на 16 мај. Мелони беше во Тирана, но беше очигледно отсутна од состанокот меѓу Макрон и лидерите на Германија, Велика Британија и Полска со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што следеше заеднички повик до американскиот претседател Доналд Трамп.

Помеѓу Париз и Рим има тензии откако Мелони ја презеде функцијата во октомври 2022 година, вклучително и судирот околу миграцијата и друг судир на самитот на Г7 во Италија минатата година околу правата за абортус. Но, втората и третата по големина економија на Европската унија се соочуваат со слични предизвици од војната во Украина и сеопфатните царини на Трамп против блокот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.