Убиецот од Вашингтон е Елиас Родригез, извикувал „слобода за Палестина“

Маж и жена, млад пар кои требало да се свршат, се убиени во пукање што се случило пред Еврејскиот музеј во Вашингтон во среда навечер по локално време, потврдија американски и израелски официјални лица. Напаѓачот е идентификуван како Елијас Родригез, 30, од ​​Чикаго, кој, според полицијата, по апсењето извикувал „слобода за Палестина“.

Памела Смит, шефицата на Метрополитенската полиција, изјави дека е уапсен осомничен во врска со пукањето во близина на Еврејскиот музеј, во кое беа убиени две лица.

„Прелиминарната истрага покажува дека двете жртви си заминувале од настан во Еврејскиот музеј кога се случила пукотницата“, рече Смит.

„Веруваме дека пукањето го извршил еден осомничен кој сега е уапсен. Пред пукањето, осомничениот бил виден како нервозно оди надвор од музејот.“

Смит рече дека осомничениот „се приближил до група од четири лица, извадил пиштол и отворил оган, погодувајќи двајца кои подоцна починале“.

По пукањето, Смит рече дека осомничениот влегол во музејот, каде што бил приведен од обезбедувањето на настанот.

Осомничениот, според Смит, извикувал „Слобода за Палестина“ додека бил во притвор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.