
Речиси половина од младите во Велика Британија сакаат свет без интернет
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Мај 2025

Најновото британско истражување покажа дека речиси половина од младите луѓе на возраст меѓу 16 и 21 година би претпочитале да живеат во свет каде што нема интернет, објавија денес британските медиуми.
Во исто време, 50 проценти од анкетираните го поддржале ограничувањето на користењето на интернет по 22 часот, а речиси 70 проценти рекле дека се чувствувале полошо по посетата на социјалните мрежи, објави „Гардијан“.
Истражувањето покажа дека една четвртина од анкетираните поминуваат четири или повеќе часа на ден на социјалните мрежи, додека 42 проценти рекле дека се согласуваат со своите родители за тоа што прават онлајн.
Анкетата, во која учествувале 1.293 млади луѓе, исто така открила дека 42 проценти од нив лажат за својата возраст додека се онлајн, како и дека 40 проценти имаат лажен профил, а 27 испитаници признале дека се преправаат дека се сосема друга личност додека се на социјалните мрежи.
Како што е наведено, 27 проценти од испитаниците рекле дека ја споделиле својата локација преку интернет со непознати луѓе, а 68 проценти процениле дека времето што го поминуваат преку интернет има негативен ефект врз нивното ментално здравје.
Истражувањето е спроведено откако британскиот министер за технологија, Питер Кајл, навести дека владата размислува за ограничување на времето поминато на некои апликации како што се „Тик-ток“ и „Инстаграм“.
Одговорната за безбедноста на децата на интернет, Рани Говендер, вели дека оваа мерка може да помогне, но дека не може да ги заштити децата од штетна содржина освен ако не се применат други мерки.
Таа додаде дека примарниот фокус на компаниите и владите треба да биде да се осигурат дека децата и младите користат многу побезбедни веб-страници што создаваат помалку зависност.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
