Музерски суспендиран поради допинг во 2013 година

Дмитриј Музерски (32), олимписки шампион со Русија од Лондон 2012 година, во моментов е суспендиран поради позитивен допинг-тест во 3013 година. Оваа необична информација ја објави неговиот клуб во Јапонија, Сантори Санбрдс.

Музерски, во 2012 година на ОИ во Лондон, го креираше неверојатниот пресврт во финалето на одбојкарскиот турнир. Русија губеше 2:0 од Бразил, на крајот победи со 3:2.

Во клупската 2012/2013, Музерски ја предводеше Локомотива од Белгород до дуплата круна. Во 2013 година тој паднал на допинг-тестот.

Суспензијата на Музерски му била потврдена во април 2021 година и трае до 4.јануари 2022.

Нејасно е зошто спортист кој бил позитивен на допинг во 2013 година, суспензијата ја одработува осум години подоцна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.