Атлетико и Реал се борат за титулата и за потписот на Лаутаро Мартинез

Атлетико и Реал, покрај битката што ја водат за шампионската титула во Шпанија, се борат и за потписот на Лаутаро Мартинез. Аргентинецот се уште не го продолжил Интер и постои можност клубот да го продаде само поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа.

Лаутаро Мартинез има договор со Интер до јуни 2023 година. Оваа сезона тој постигна 16 голови и забележа девет асистенции на 37 натпревари во Серија А.

Лаутаро има плата од 4,5 милиони евра и откупна клаузула од 111 милиони евра. Прашање е дали Атлетико и Реал можат да ја платата оваа сума. Сигурно е само дека можат да у понудат двојно поголема плата.

Лаутаро е член на Интер од 2018 година. Клубот тогаш за неговиот трансфер на Расинг им плати 23 милиони евра. Интересно, пред да потпише за Интер, Лаутаро имал договор со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, но во последен момент на наговор на тренерот на Расинг, Диего Милито ја сменил одлуката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.