Сон копачките ќе ги замени со војнички чизми!

Фудбалерот на Тотенхем, Хеунг-мин Сон ќе ја искористи паузата поради коронавирусот да го отслужи воениот рок кој е обврска за сите мажи во Јужна Кореја.

Напаѓачот на Тотенхем отпатува во татковината кога официјално беше прекината Премиерлигата, пред 2 недели, па периодот без фудбал планира да го искористи за одење во војска.

Во Јужна Кореја воениот рок е 21 месец, но Мин Сон е „помилуван“ поради успесите со репрезентацијата која ги освои Азиските игри во 2018 година, па затоа играчот на „петлите“ во војска ќе помине само 4 недели.

Сепак, пред да се пријави во војска, тој по доаѓањето во татковината, најпрво 14 дена ќе мора да биде во изолација.

Конечната одлука ќе ја донесе откако официјално ќе се знае дали и кога Премиерлигата ќе продолжи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.