Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалски милијардер

И покрај тоа што неодамна прифати намалување на платата од неколку милиони евра годишно за да помогне Јувентус да ја помине кризата, богатството на Кристијано Роналдо постојано расне и според „Бизнис инсајдер“ оваа година ќе ја надмине сумата од милијарда долари, како четврт спортист во историјата по голферот Тајгер Вудс, боксерот Флојд Мејведер Јуниор и НБА легендата Мајкл Џордан.

„Рестрикциите“ на три плати во „старата дама“ нема страшно да влијаат на приходите на Португалецот, кој благодарение на својот бренд „CR7“ заработил 100 милиони евра во 2019 година, и само неговиот вечен ривал Лионел Меси успеал да заработи повеќе од него. Но, бидејќи 35-годишниот Роналдо има неполни 18 професионални сезони во фудбалот, тој ќе го претрка Аргентинецот до целта – 1 милијарда долари.

На Роналдо во клубот на спортски милијардери оваа година ќе му се приклучи и тенискиот „Маестро“, Роџер Федерер, кој и покрај тоа што речиси цела тениска сезона е откажана, заработува огромни суми од своите спонзорски договори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.