Коронавирусот во Италија ќе уништи 12.000 клубови

Италијанските медиуми пишуваат за катастрофата кој му се заканува на фудбалот во земјата. Италија е едно од најголемите жаришта на вирусот КОВИД-19 во светот. Во земјата има преку 80.000 заразени, а досега од опасниот вирус починале повеќе од 13.000 луѓе.

За спас на спортот Италијанците, подготвија 400 милиони евра. Најголем дел од овие пари ќе бидат наменети за фудбалските клубови, иако од владата порачаа дека “Италијанскиот спорт не е само Серија А“.

Темел на фудбалот се аматерските и полу-аматерските клубови жестоко се погодени од кризата. Медиумите пишуваат дека 12.000 клубови можат да згаснат. Доколку тоа се случи без својот омилен спорт ќе остане еден милион фудбалери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.